Украинската страна која учествува во преговорите со Русија е на пат за Белорусија каде се очекува втората рунда преговори.
Михајло Подољак, советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, објави фотографија од хеликоптер.
– На пат кон преговори со Руската Федерација. Веќе во хеликоптери – напиша тој во описот на фотографијата.
На переговоры с РФ. Уже в вертолётах. Через пару часов начнём… pic.twitter.com/y2J18SVF5f
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) March 3, 2022
Тој додаде дека преговорите ќе започнат за неколку часа.
Претставникот на украинската делегација на новата рунда преговори со Русија рече дека минималната програма се хуманитарните коридори, а понатаму според околностите.
Претходно денеска руската страна пренесе дека очекува преговорите со Украина да започнат во 13 часот по локално време, но се чини дека сепак ќе има одложување.