Украинскиот министер за одбрана: Ова е терористички напад во близина на границата на НАТО

пред 3 години

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ги нарече терористички руските ракетни напади врз воената база наречена Меѓународен центар за мир и безбедност, која се наоѓа западно од Лавов, на 25 километри од границата со Полска.

Резников додаде дека во воената база работат странски инструктори.

„ Ова е нов терористички напад врз мирот и безбедноста во близина на границата ЕУ-НАТО. Мора да се преземе акција за да се запре ова. Затворете го небото!“, порача тој.

Share
Scroll to Top