Украинските власти во Луганск ги повикaa жителите да се евакуираат

пред 4 години

Властите во источниот украински регион Луганск се надеваат дека ќе ги евакуираат цивилите преку пет хуманитарни коридори и ги повикаа жителите да си заминат додека е безбедно.

Украина објави дека руските трупи се прегрупираат и се подготвуваат за нова офанзива во регионот на Донбас, кој го опфаќа и Луганск.

„Ќе го изведеме сето тоа доколку Русите ни дозволат да стигнеме до собирното место за евакуација. Бидејќи, како што можете да видите, тие не секогаш го почитуваат примирјето“, напиша гувернерот на Луганск, Сергеј Гајдаи во апликацијата за пораки Телеграм.

Share
Scroll to Top