Украински дронови погодиле танкер и складиште за нафта во јужна Русија

Украински дронови погодиле танкер и складиште за нафта во јужна Русија

пред 4 часа

Украински дронови во текот на ноќта погодиле танкер во руското пристаниште Таганрог и складиште за нафта во градот Армавир, соопштија регионалните власти во Ростовската и Краснодарската област на југот на Русија.

Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, изјави дека пожарите на танкерот и во пристаништето Таганрог, град со околу 240.000 жители, биле изгаснати и дека нема пријавено истекување на нафта. Според него, две лица се повредени.

Градоначалничката на Таганрог, Светлана Камбулова, соопшти дека вонредната состојба во градот, воведена на 27 мај, е продолжена.

Во градот Армавир, кој има околу 185.000 жители и се наоѓа во соседната Краснодарска област, локалните власти соопштија дека пожарот во складиштето за нафта во индустриската зона е ставен под контрола и дека нема повредени.

Сљусар додаде дека во Ростовската област биле соборени речиси 50 дронови, а напади биле регистрирани на повеќе локации во регионот кој граничи со украинскиот Донбас.

Според неговите изјави, надвор од Таганрог е забележана само помала материјална штета.

Текстот Украински дронови погодиле танкер и складиште за нафта во јужна Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top