Украински сили: Ја вративме контролата над Макаров

пред 3 години

По неколкудневни борби, украинските сили ја вратија контролата врз Макаров, град на 30 милји западно од Киев, објавија украинските вооружени сили.

– Државното знаме на Украина беше подигнато над градот Макаров, додека Русите се повлекуваа – се наведува во соопштението.

Си-Ен-Ен не можеше да го потврди тврдењето на украинските сили.

Макаров претрпе значителна штета од тековните руски воздушни напади. Си-Ен-Ен ја потврди автентичноста на фотографиите објавени на социјалните мрежи на 12 март, а кои покажуваат големи штети на станбените населби, училиштата и медицинската установа.

Руското Министерство за одбрана постојано тврдеше дека не цели цивили, јавува Си-Ен-Ен.