Украинците минирале комбе со тела на војници од „Азовстал“, тврдат Русите

пред 3 години

Украинските сили, повлекувајќи се, оставиле комбе со тела на 152 милитанти во подземните комплекси на челичарницата „Азовстал“, поставувајќи мини под него со намера за тоа да ја обвинат Русија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Портпаролот на министерството, Игор Конашенков, на редовниот брифинг изјави дека руската армија нашла четири мини под комбето и дека врз основа на резултатите од сослушувањето на заробени милитанти од Азов, било утврдено дека телата на загинатите биле минирани по директна наредба на Киев со цел да се обвини Русија дека намерно ги сквернави посмртните останки и го спречува нивниот транспот со цел да им се предадат на роднините.

Руското Министерство за одбрана додаде дека во блиска иднина телата на украинските милитанти и војници пронајдени во „Азовстал“ ќе им бидат предадени на украински претставници.

Share
Scroll to Top