Украинците претставуваат значаен предизвик за руските воздушни и ракетни операции

пред 2 години

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај за војната во Украина.

Британците наведуваат дека Украина продолжува да нуди значителен отпор на руските воздушни и ракетни операции, иако се наведува дека има концентрација на руски воздушни активности кон југоисточниот дел на земјата.

Се додава дека руските авиони сè уште се ранливи на куси и средни системи за противвоздушна одбрана.

„Како резултат на нивната неможност да ги пронајдат и уништат системите за противвоздушна одбрана, напорите на руските сили да ја преземат контролата над воздушниот простор се сериозно отежнати“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.

Share
Scroll to Top