Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека украинските сили во Мариупол се уште се борат и покрај барањето на Русија за предавање.
„Градот сè уште не паднал“, изјави премиерот Шмихал за програмата „Оваа недела“ на ABC, додавајќи дека украинските војници продолжуваат да контролираат делови од југоисточниот украински град.
Украинските војници го отфрлија рускиот ултиматум да го положат оружјето во разурнатиот Мариупол, за кој Москва тврди дека е целосно окупиран од нејзините сили и може да биде нејзин најголем успех во речиси два месеци војна.