Украинците со дрон погодија траект кај Крим, има мртви и ранети

Украинците со дрон погодија траект кај Крим, има мртви и ранети

пред 1 година

Едно лице загина, а неколку се ранети, во напад на украинско беспилотно летало на траект во пристаниште во јужна Русија, изјави регионалниот гувернер.

Траектот се запалил во пристаништето Кавказ, но нема опасност од ширење на пожарот, пишува Би-би-си.

Пристаништето се наоѓа на неколку километри од мостот Керч, кој ги поврзува Русија и Кримскиот Полуостров, кој Русија го анектира во 2014 година.

Меѓу екипажот и персоналот на пристаништето има повредени и загинати, рече Кондратиев.

Тој додаде дека итните служби се на терен.

Текстот Украинците со дрон погодија траект кај Крим, има мртви и ранети е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top