Украинците убиле и раниле 20-тина Руси со дрон камиказа

Украинците убиле и раниле 20-тина Руси со дрон камиказа

пред 5 месеци

Околу дваесет руски војници се убиени или ранети во напад со дрон камиказа врз логистички центар и складиште за оружје во окупираниот град Соловјов во Доњецк, објави германскиот новинар Јулијан Ропке.

На северот на Украина се водат жестоки битки по ненадејниот руски упад кој започна во петокот. Оттогаш, повеќе од 6.000 луѓе се евакуирани од регионот на Харков. Украина веќе некое време ја очекува руската летна офанзива. Едно од сценаријата е можен обид за заземање на Харков, вториот по големина град во Украина.

Според Москва, руските сили досега зазеле девет села во близина на границата. Повеќето од нападите се насочени кон градот Вовчанск, чиј пад значително ќе го олесни натамошното продирање на руските сили во североисточниот дел на Украина.

Украина го разреши командантот одговорен за Харков. Донесена е одлука на таа функција да биде именуван бригадниот генерал Михајло Драпати.

Текстот Украинците убиле и раниле 20-тина Руси со дрон камиказа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top