УНИЦЕФ: Повеќе од 400 милиони деца ширум светот живеат во сиромаштија

УНИЦЕФ: Повеќе од 400 милиони деца ширум светот живеат во сиромаштија

пред 2 часа

Повеќе од 417 милиони деца ширум светот живеат во сиромаштија и се лишени од најмалку две основни потреби како што се исхрана и санитарни услови, покажа најновиот извештај на УНИЦЕФ.

Извештајот „Состојбата на децата во светот 2025: Крај на детската сиромаштија – наш заеднички императив“ беше објавен по повод Светскиот ден на детето и се базира на податоци од повеќе од 130 земји.

Проценката на мултидимензионалната сиромаштија вклучува шест категории: образование, здравство, домување, исхрана, санитарни услови и вода.

Фото: принтскрин

Текстот УНИЦЕФ: Повеќе од 400 милиони деца ширум светот живеат во сиромаштија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top