УНХЦР: Повеќе од 100 милиони луѓе присилно раселени ширум светот

пред 2 години

Повеќе од 100 милиони луѓе се протерани од своите домови ширум светот, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

УНХЦР наведува дека војната во Украина била еден од факторите кои принудиле милиони луѓе да ги напуштат своите домови, додавајќи дека долготрајните конфликти во Етиопија и Демократска Република Конго биле уште еден фактор што довел до голем број раселени лица, пренесува Ројтерс.

„Тоа е рекорд кој никогаш не требаше да се постигне“, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Тој посочи дека тоа мора да послужи како повик за будење за да се решат и да се спречат деструктивни конфликти, да се стави крај на прогонот и да се елиминираат причините што ги принудуваат невините луѓе да ги напуштат своите домови.

Податоците на УНХЦР вклучуваат бегалци, баратели на азил и внатрешно раселени лица.

Минатата недела, УНХЦР објави дека бројот на внатрешно раселените лица достигнал рекорд од речиси 60 милиони луѓе до крајот на минатата година.

Гранди повика на акција за отстранување на причините за раселувањето, нагласувајќи дека хуманитарната помош само помага да се ублажат последиците.

Тој изјави дека единствениот начин да се промени овој тренд е мирот и стабилноста за невините луѓе да не бидат принудени да избираат помеѓу акутна опасност доколку останат во своите домови и егзил.

Share
Scroll to Top