Уште едно чудо во Измир: бебето Ајла е спасено 91 час по земјотресот

пред 3 години

Спасувачките екипи го извлекоа бебето Ајла Гезгин од урнатините во Измир, 91 час откако регионот беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени.

Откако го извлекоа од урнатините, бебето Абеше носено на носила до амбуланта, додека одекнуваа аплаузите на присутните.

Ајла Гезгин е 107. спасена по земјотресот што го погоди Измир во петокот.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени го стресе егејскиот регион во Турција, при што загинаа 102 лица, соопшти утрово Министерството за вонредни состојби.

Првиот човек на министерството, Мехмет Гулуоглу, на Твитер напиша дека е спасено уште едно дете.

„Најдовме уште едно дете. Фала му на Бога”, напиша Гулуоглу.

Share
Scroll to Top