Фаучи: До крајот на летото ќе видиме напредок во борбата против коронавирусот

пред 3 години

Водечкиот имунолог во САД, Ентони Фаучи, изјави дека до крајот на летото или почетокот на есента ќе се забележи голем напредок во борбата против Ковид-19.

„Има светло на крајот од тунелот. До крајот на летото, на почетокот на есента, ќе видиме голем напредок“, изјави Фаучи за телевизијата „Ен-би-си“, пренесе Гласот на Америка.

Ковид однесе околу 530.000 животи во Америка, каде што околу 10 проценти од населението беше ревакцинирано.

Советникот во Белата куќа, Енди Слевит, за МСНБЦ изјави дека е сè поголем пооптимист дека земјата може да го заштити најранливото население.

„Треба да сториме повеќе и да ги забрзаме напорите во следните неколку недели и месеци за да го постигнеме тоа, а тоа ќе го слушнете и од претседателот“, рече Слевит.

До средата наутро во САД се распределени речиси 128 милиони дози вакцина, а примени се речиси 96 милиони, покажуваат владините податоци.

Денес беше објавено видео во кое поранешните американски претседатели и нивните жени ги охрабруваат Американците да се вакцинираат, но Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија не се меѓу нив.

Share
Scroll to Top