Фаучи му одговори на Трамп: Фокусиран сум на здравјето

пред 4 години

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи вели дека тој само сака да си ја заврши својата работа и да биде фокусиран на здравјето на луѓето во САД.Ваквата изјава следи по последните напади на Доналд Трамп врз него.

За време на предизборниот повик, претседателот Трамп тврди дека луѓето се уморни од слушање за пандемијата на коронавирусот и го критикуваше Фаучи, нарекувајќи го „катастрофа“.

Запрашан во интервју за радиото КНКС во Лос Анџелес дали некогаш сакал да ја напушти својата улога во Белата куќа поради нападите на Трамп, Фаучи одговори со цитат од филмот „Кум“, пренесува Си-сн-ен.

„Се зависи дали тоа го сфаќате тоа лично. Јас се фокусирам целосно на здравјето и благосостојбата на луѓето во оваа земја. На тоа посветив 50 години од мојата кариера и тоа е единственото нешто за што навистина се грижам. Се друго, што се однесува до мене, е како во „Кум“ – „Ништо лично, само професионално“, рече Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.

„Јас само сакам да ја работам својата работа и да се грижам за луѓето во оваа земја. Само тоа сакам да направам”, повтори експертот.

Share
Scroll to Top