Фаучи: Од почетокот на годинава работам нон-стоп, по 18 часа дневно

пред 3 години

Директорот на aмериканскиот Национален институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи, денеска изјави дека работи 18 часа на ден, седум дена во неделата.

„Немам ниту еден слободен ден од средината на јануари годинава“, изјави Фаучи за Си-ен-ен.

Фаучи денес го слави својот 80-ти роденден, но вели дека ќе ја прекине традицијата и дека нема да го помине со неговите три ќерки.

„Дефинитивно се чувствувам тажно“, рече Фаучи.

„Ова е прв Божиќ и роденден што нема да ги поминам со моите ќерки откако се родени“, потенцира тој.

Да се ​​надеваме дека следната година, во ова време, ќе имаме прослава со многу прегратки, што не можеме да го направиме во моментов, додаде Фаучи.

Share
Scroll to Top