Фаучи: Омикронот може да ги преполни болниците

пред 3 години

Главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи денеска предупреди дека се уште постои опасност од зголемување на хоспитализирањата иако првичните податоци покажуваат дека омикронот е помалку опасен.

„Единствениот проблем е што ако имате толку многу случаи на заразени, дури и ако стапката на хоспитализација кај омикрон е помала отколку кај делта-сојот, сепак постои опасност да имате голем пораст на хоспитализиции, што може да го преоптовари здравствениот систем“, рече Фаучи.

Според американскиот центар за контрола и превенција на болести, се проценува дека сојот омикрон е одговорен за 58,6 проценти од инфекциите со коронавирус во САД на 25 декември.

„Сигурно ќе има многу повеќе случаи на инфекција бидејќи тој е многу позаразен од делта-сојот“, кажа Фаучи.

„Но, се чини дека омикрон би можел да биде помалку опасен, барем судејќи според податоците што ги собравме од Јужна Африка, Обединетото Кралство, па дури и некои прелиминарни податоци овде во САД“, рече тој.

Share
Scroll to Top