„Фајзер” и „Бионтек” бараат нивната вакцина да се користи за деца од 12 до 15 години

пред 4 години

Фармацевтската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ побарале од Управата за храна и лекови на САД итно проширување на употребата на нивната вакцина против Ковид-19 на адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

Вакцината е одобрена во САД за лица постари од 16 години.

Со клиничкото испитување се утврдило дека вакцината е безбедна, ефикасна и дава силни реакции на антитела кај деца на возраст од 12 до 15 години, соопштија компаниите.

Share
Scroll to Top