САД го откажаа планираниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин поради цврстиот став на Москва за условите околу Украина, објави „Фајненшел тајмс“.
Одлуката уследила по напнат телефонски разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по кој Рубио го информирал Трамп дека Русија не покажува подготвеност за преговори.
Самитот требаше да се одржи во Будимпешта, но Москва инсистирала на барања кои вклучуваат територијални отстапки од Украина, намалување на украинската војска и гаранции дека земјата никогаш нема да се приклучи на НАТО.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Киев е подготвен за мировни разговори, но нема да ги повлече трупите од дополнително ослободените територии, како што бара Москва
Текстот „Фајненшл тајмс“: По напнат телефонски разговор бил одложен состанокот помеѓу Трамп и Путин е превземен од МАКФАКС.







