Федералниот суд во Мисури ја блокираше одлуката на администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, за задолжителна вакцинација на здравствените работници, која требаше да започне следната недела.
Претходно, само 10 држави се приклучија во спротивставувањето на одлуката на претседателот да бара од сите здравствени работници во болниците и домовите за стари лица да ја примат првата доза од вакцината на 6 декември и целосно да се вакцинираат до 4 јануари.
„ Нема сомнеж дека задолжителната вакцинација за 10,3 милиони здравствени работници е нешто што Конгресот треба да го направи, а не владина агенција“, напиша судијата Доути од Окружниот суд на САД за округот Западна Луизијана. Тој додаде: „ Не е јасно дури ни чинот на Конгресот кој наредува вакцинација дали би бил уставен“.
?BREAKING NEWS?
In a major win for our #HealthcareHeroes, a federal court has halted the Biden Administration’s attempt to force COVID-19 vaccines on healthcare workers. #lagov #lalege
View more at https://t.co/hz98Lk35dT pic.twitter.com/RDVGSdC4OG
— AG Jeff Landry (@AGJeffLandry) November 30, 2021
Судијата, номиниран од поранешниот претседател Доналд Трамп, додаде дека обвинителите имаат интерес да ги заштитат своите граѓани од обврската за задолжителна вакцинација и да спречат загуба на работни места и даночни приходи, што може да произлезат од таквата одлука.
Неколку градови и држави веќе воведоа задолжителна вакцинација за здравствените работници, во обид да го спречат ширењето на инфекцијата, која често доаѓа од домовите за стари лица.