Фон дер Лаен: Унгарија мора да го укине контроверзниот анти-ЛГБТ закон

пред 3 години

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лаен ја предупреди Унгарија дека мора да го укине законот со кој им се забранува на училиштата да користат материјали за кои се верува дека ја промовираат хомосексуалноста или да се соочи во целост со законите на ЕУ.

Законот, воведен од унгарскиот премиер Виктор Орбан, беше остро критикуван од лидерите на Европската Унија на самитот минатиот месец, а холандскиот премиер Марк Руте и порача на Будимпешта да ги почитува европските вредности или да ја напушти Унијата.

“Хомосексуалноста се поистоветува со порнографија. Овој закон користи заштита на децата за да ги дискриминира луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација. Срамота е!” рече фФн дер Лаен во Европскиот парламент во Стразбур.

„Ниту едно прашање не е толку важно како она што влијае на нашите вредности и нашиот идентитет“, рече таа, коментирајќи ја дебатата за унгарскиот закон на самитот на ЕУ во јуни, нагласувајќи дека тоа е против заштитата на малцинствата и почитувањето на човековите права.

Таа предупреди дека Унгарија ќе се соочи со целосната сила на правото на ЕУ доколку не го укине законот, но не навлезе во детали. Таквите чекори може да вклучуваат пресуда на Европскиот суд на правдата и замрзнување на фондовите на ЕУ за Будимпешта, велат европратениците.

Од друга страна, владата на Шпанија минатиот месец го одобри предлог-законот со кој на луѓето над 14-годишна возраст им е дозволено законски да го менуваат полот без лекарска дијагноза или хормонска терапија. Тоа е првата голема земја-членка на ЕУ што го направи тој чекор во поддршка на ЛГБТ-правата.

Share
Scroll to Top