Фон дер Лаен: Ќе ги заостриме нашите санкции кон Русија

пред 3 години

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен изјави дека заедно со европските лидери и лидерите на САД, Канада и Јапонија, Брисел е центарот на слободниот свет.

– Заедно ќе ја зајакнеме нашата поддршка за Украина. Ќе ги заостриме нашите санкции и ќе се ослободиме од руските фосилни горива – изјави фон дер Лаен.

Таа нагласи дека утре со американскиот претседател Џо Бајден ќе отвори ново поглавје во енергетското партнерство меѓу САД и Европската унија.

– Ние, партнерите од Г7, сме решени дополнително да ги усогласиме нашите санкции против Русија и ќе се погрижиме тие строго да се спроведуваат.

За да ги исцедиме ресурсите што Путин ги искористи за финансирање на неговата војна, нема да дозволиме никакво заобиколување. И ние сме подготвени да преземеме повеќе мерки доколку е потребно – рече претседателот на Европската комисија.

Share
Scroll to Top