Франција го повика Израел да се воздржи од ескалација на конфликтот

Франција го повика Израел да се воздржи од ескалација на конфликтот

пред 8 месеци

Франција го повика Израел да се воздржи од каква било акција што може дополнително да ги ескалира веќе зголемените тензии на Блискиот Исток.

Повеќе експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град, и во блиските воени бази.

Најмалку седум експлозии беа пријавени над Техеран и блискиот Карај, како и во источниот град Машад. Официјалната новинска агенција „ИРНА“ објави дека двајца војници загинале, а „Асошиејтед прес“ јавува дек 10 припадници на иранската национална полиција се убиени на 1.200 километри југоисточно од Техеран.

Нападот се случи откако Израел рано утринава го бомбардира Иран. Засега никој не е осомничен за нападот врз полицајците, ниту пак некоја група ја презела одговорноста.

Израелските воздушни напади беа извршени како одмазда за ракетниот напад лансиран од Иран на 1 октомври.

Текстот Франција го повика Израел да се воздржи од ескалација на конфликтот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top