Франција заплени суперјахта на руски тајкун

пред 3 години

Фанција заплени суперјахта за која тврди дека е поврзана со рускиот олигарх Игор Сечин. Информацијата ја потврди францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер.

„Благодарам на француските цариници кои ги спроведуваат европските санкции против луѓе блиски до руската влада“, напиша Ле Мер на „Твитер“ во соопштението за јавност.

Во него се наведува дека француските власти вчера ја заплениле суперјахтата Аморе Вело, по потрага што траела неколку часа. Суперјахтата долга 85 метри е запленета на југот на Франција во близина на градот Ла Сиота.

Игор Сечин е директор на руската нафтена компанија во државна сопственост „Роснефт“. Тој е еден од олигарсите на Путин против кого ЕУ неодамна воведе санкции.

Share
Scroll to Top