Франција протера шест лица, осомничени дека се руски шпиони

пред 2 години

Шест Руси беа протерани од Франција под сомнение дека работеле како шпиони под дипломатска заштита, откако француските разузнавачки служби открија тајна операција на нејзина територија.

„Шест руски агенти кои работат под дипломатско покровителство чии активности се констатираа дека се спротивни на нашите национални интереси се прогласени за персона нон грата“, се вели во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Според домашната разузнавачка служба, ДГСИ по долга истрага открила тајна операција спроведена од руските разузнавачки служби на територијата на оваа земја. Во соопштението не се наведени детали за операцијата.

Министерот за внатрешни работи Џералд рече дека DGSI спречила мрежа на руски тајни агенти кои работеле против интересите на Франција.

Тој рече дека DGSI спровела извонредна контрашпионажна операција и ја пофали организацијата што се грижи за основните национални интереси од сенка.

Овој потег уследи откако Франција веќе протера 35 руски дипломати на 4 април.

Share
Scroll to Top