Франција ја поздрави одлуката на ЕУ да не нарачува нови дози вакцина од „Астразенека“

пред 3 години

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на Европската Унија да не ја обновува нарачката за вакцини од „Астра зенека“.

Макрон рече дека целта на политиката на ЕУ е да има одговор на новите варијанти на Ковид-19.

„Гледаме дека некои други вакцини се поефикасни“, рече Макрон.

Комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, вчера изјави дека Комисијата на ЕУ нема да нарача нови дози од „Астра зенека“ по јуни.

Пред две недели ЕУ поведе судска постапка против фармацевтската група за наводно непочитување на условите од договорот.

Share
Scroll to Top