Француската компанија „Санофи“ гради фабрика за производство на вакцини во Сингапур

пред 4 години

Францускиот производител на лекови „Санофи“ најави дека ќе инвестира 400 милиони евра во нова фабрика за вакцини во Сингапур во следните пет години.

„Санофи“ ќе развива капацитети за масовно производство на иновативни вакцини со новата фабрика и ќе биде подготвена да одговори на ризиците од пандемија во иднина, се вели во соопштението на компанијата.

Проектот треба да донесе до 200 работни места во Сингапур, додава „Санофи“.

Француската компанија очекува изградбата да започне во третото тримесечје од оваа година, а производството треба да започне во првите три месеци од 2026 година.

„Фабриката во Сингапур ќе го дополни постојниот капацитет за производство на ‘Санофи’ во Европа и Северна Америка и ќе стане регионален центар за производство на вакцини во Азија“, рече компанијата.

Share
Scroll to Top