Француската полиција истражува воени злосторства во Украина

пред 3 години

Француски полицајци пристигнаа во Лавов во западна Украина за да учествуваат со нивните украински колеги во истрагата за воени злосторства извршени во околината на Киев, изјави францускиот амбасадор во Украина.

Ова е првиот странски тим кој дава ваква помош, објави денеска на Твитер амбасадорот Етјен де Понсинс.

Францускиот амбасадор: Солидарност, горд сум

„Горд сум што во Лавов ги пречекувам членовите на техничкиот и форензичкиот оддел на полицијата, а кои дојдоа да учествуваат со своите колеги во истрагата за воените злосторства извршени во близина на Киев. Тие утре ќе одат на терен“, напиша Понсинс.

„Солидарност“ додаде амбасадорот.

„Техничкиот тим на Министерството за внатрешни работи, кој ќе им помогне на украинските власти во идентификацијата на жртвите и собирањето докази, пристигна во Украина утринава“, се вели во заедничкото соопштение на француското Министерство за внатрешни работи.

„Во договор со украинските власти, тие исто така ќе можат да учествуваат во истрагата на Меѓународниот кривичен суд“, се додава.

Русите: Французите сакаат да ги сокријат воените злосторства извршени од Украинците

Руското Министерство за одбрана реагираше дека не треба да се очекува објективна истрага на француската полиција поради пристрасност.

Руското министерство дури се сомнева дека нивна задача е да ги сокријат бројните воени злосторства за кои Москва тврди дека ги извршиле украинските сили и да измислуваат обвиненија против руските војници.

Share
Scroll to Top