Француска министерка: Работење од дома за да избегнеме ново затворање на земјата

пред 3 години

Француската министерка за труд Елизабет Борн изјави дека најважно е компаниите да го засилат онлајн работењето, со цел да се избегне ново затворање во борбата против ширењето на Ковид-19.

„Во последните денови, податоците за Ковид-19 не се добри. Сите сакаме да избегнеме ново затворање и работењето од дома е добро решение“, рече Борн.

Таа најави дека во петок ќе се состане со претставници од банкарскиот, осигурителниот и инженерскиот сектор, а темата ќе биде онлајн работењето.

Share
Scroll to Top