Францускиот министер за здравство Оливие Веран изјави дека е позитивен на корона вирусот.
Тој ги потврди претходните пишувања на медиумите на „Твитер“ и напиша дека е во самоизолација.
– Ќе продолжам да ги извршувам обврските од далечина – додаде Веран.
Повикувајќи се на извори блиски до Веран, АФП претходно објави дека францускиот министер е позитивен на Ковид 19, објави Ројтерс.