Францускиот премиер, Жан Катекс е позитивен на Ковид-19 вирусот, објави во понеделникот вечерта палатата Матињон.
Од кабинетот на премиерот соопштија дека неговиот распоред ќе биде прилагоден за да нема застој во неговите активности и истите да можат да се реализираат додека е тој во изолација во следните десет дена.
Во понеделникот попладне, кога шефот на владата на Франција се враќал од Белгија, каде што оствари средба со својот колега Александар Де Кро, дозна дека една од неговите ќерки, односно неговата 11-годишна ќерка била позитивна на Ковид-19.
Веднаш по дознавањето на оваа информација тој направил ПЦР тест кој се покажал позитивен.
Францускиот премиер кој е на возраст од 59 години, пролетта прими две дози вакцини и оттогаш никогаш не бил позитивен на вирусот, иако како што е наведено три пати бил во контакт со пациенти со Ковид-19.