Хакери го нападнаа Министерството за финансии на САД

пред 3 години

Интерниот систем за електронски пораки на Министерството за финансии на САД бил компромитиран, наводно, преку услугата Office 365 на Мајкрософт, а група анонимни извори за софистицираниот упад ги обвинуваат руските хакери, пренесува РТ.

Хакерите ги таргетирале Министерството за финансии на САД и Националната администрација за телекомуникации и информации на Министерството за трговија  и постоеше загриженост кај американските разузнавачки агенции дека истите сторители може да имаат пристап до интерните комуникации на другите владини агенции, објави Ројтерс во неделата, повикувајќи се на извори запознати со истрагата.

Натрапниците очигледно добиле пристап до внатрешната е-пошта преку услугата заснована на „облак“ во Мајкрософт Office 365, а анонимни извори го нарекоа нападот многу софистициран и заклучија дека дефинитивно го извршила држава. Дури три од тие извори изјавија дека во моментов се верува оти Русија стои зад нападот.

За да ги отфрли сите сомнежи, Ројтерс потсети на неодамнешното хакирање на истакнатата американска фирма за сајбер- безбедност „Фајр ај“, за што исто така беше обвинета Москва едноставно затоа што тоа би било „конзистентно“ со она што анонимни официјални лица и главните медиуми известуваат за Русија.

Нападот беше откриен неодамна и, наводно, довел до состанокот на високо ниво на Советот за национална безбедност во Белата куќа викендов, но имаше индиции дека на некои комуникации им било пристапено незаконски уште летово. Ниту Мајкрософт ниту Министерството за финансии се уште немаат излезено со официјални коментари, Министерството за трговија потврди упад во една од своите агенции, но не даде детали.

„Побаравме од Агенцијата за безбедност на интернет и инфраструктура и од ФБИ да истражат, и засега не можеме да коментираме дополнително“, соопштија тие.

Share
Scroll to Top