Хакирана веб-страницата на кампањата на Трамп

пред 3 години

Официјалната веб-страница на претседателската кампања на Доналд Трамп беше хакирана на една недела пред претседателските избори во САД.

„Оваа страница е запленета“, гласеше пораката објавена неколку минути подоцна на donaldjtrump.com.

„Светот е заситен со лажни информации што претседателот ги шири секој ден“, беше напишано.Авторите на пораката тврдеа дека имаат доверливи информации за Доналд Трамп и неговата влада и побараа плаќање во крипто валута за да се открие таа содржина. Сепак, хакерите не дадоа докази за да ги поткрепат нивните изјави.

Портпаролот на кампањата „Трамп 2020“, Тим Муртај, потврди дека е хакирана веб-страницата, велејќи дека работи со полицијата за да се открие изворот на нападот.

„Ниту еден чувствителен податок не е откриен, бидејќи ниту еден не е зачуван на оваа страница“, рече тој, додавајќи дека страницата работи повторно.

Share
Scroll to Top