Хамас предупреди да не се заострува блокадата на Појасот Газа

пред 3 години

Заострувањето на блокадата воведено во Појасот Газа ќе ги наведе Палестинците да се кренат на бунт против израелската окупација, предупреди вчера официјален претставник на Хамас, пренесуват палестинските медиуми.

„Окупацијата не смее да ги игнорира резултатите од неодамнешната битка со Газа“, изјави портпаролот на групата, Абделатиф Ал-Кану, додавајќи дека Палестинците нема да ја толерираат, како што рече тој, израелската неподготвеност да го обнови Појасот Газа и да ја крене опсадата.

Израелски „Хадашот“ претходно објави дека во Регионалниот совет Ешкол избувнале четири пожари, додавајќи дека биле предизвикани од запаливи балони лансирани од Газа.

Во индиректните преговори на Хамас и Израел со посредство на Египет, кои вклучуваат разговори за условите за размена на затвореници и пристапот на Газа до итно потребните средства за реконструкција по израелската кампања за бомбардирање во мај, сè уште преовладуваат големи несогласувања.

Близу 260 Палестинци, вклучително и 66 деца, загинаа во бомбардирањето до 21 мај кога Египет издејствува прекин на огнот, но Израел оттогаш ја заостри опсадата на Појасот Газа и го спречи влегувањето на катарската помош.

Share
Scroll to Top