Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала

Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала

пред 1 недела

ЛибанскиХезболах соопшти дека извршил напад со беспилотни летала врз израелските воени бази северно од градот Акра, во најдлабокиот напад на израелска територија од почетокот на војната во Газа.

Израелската војска соопшти дека нема сознанија за некој од нејзините објекти погодени од Хезболах, но претходно  соопшти дека пресретнала две „воздушни цели“ во близина на северниот брег на Израел.

Двете страни редовно разменуваат ракетни и воздушни напади од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, но се воздржуваат од отворена војна. Сепак, со оглед на честите напади, постојат стравувања дека несреќа или погрешна проценка на која било страна може да доведе до брза ескалација на конфликтот, како и до потенцијално вклучување на други регионални и светски сили, вклучително и САД.

Хезболах вели дека нападот е одмазда за претходниот израелски напад во кој загина еден од нивните борци. Групата објави сателитска снимка со локацијата на нападот на половина пат помеѓу Акра и Нахарија на север. На едно видео е видливо и како израелската воздушна одбрана ги пресретнува беспилотните летала.

Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони одговориле со гаѓање воени цели во областа Маркаб во јужен Либан.

Најмалку две лица загинаа, а уште шест се повредени откако израелски воздушен напад погоди станбена област во јужниот либански град Ханин, објави во вторникот официјалната либанска новинска агенција NNA.

 

Текстот Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top