Холандија не е подготвена да се откаже од руските нафта и гас

пред 2 години

Холандија сè уште не е подготвена да се откаже од нафтата и гасот од Русија, но ќе работи на транзицијата на земјата кон зелена економија. Ова го изјави  холандскиот премиер Марк Руте пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

„Треба да разговараме и за нашата ранливост во однос на зависност од руските испораки на нафта и гас. Не би повикал да се откажеме од нив, ни требаат, ова е непријатна вистина, но можеме да направиме повеќе за да постигнеме напредок за еколошката програма и намалувањето на емисиите на јаглерод што ги произведува нашата економија“, посочи Руте.

Тој претходно изјави дека поради војната во Украина изминатите денови значително пораснаа цените на енергијата и на горивата и оти холандската Владата сè уште размислува за мерки за минимизирање на последиците за граѓаните.

Share
Scroll to Top