Хорор во Казахстан: се запали хостел, настрадаа 13 лица

Хорор во Казахстан: се запали хостел, настрадаа 13 лица

пред 3 години

Тринаесет лица загинаа во денешниот пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопшти градското одделение за итни случаи.

Пожарот избувнал рано утринава во трикатница во која на приземје и подрум престојувале 72 гости.

Жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, додека останатите 59 лица успеале да ја напуштат зградата. Според градоначалникот на Алмати, три лица се префрлени во болница.

Причината за пожарот се уште не е позната, објави Ројтерс.

Текстот Хорор во Казахстан: се запали хостел, настрадаа 13 лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top