Во текот на ноќта од сабота кон недела, 36-годишниот Канаѓанец, кој престојувал во хостел во Пула, доживеал трауматично искуство откако 22-годишник го малтретирал и ограбил заканувајќи му се со пиштол.
Имено, и двајцата престојувале во ист хостел, едниот како турист, додека другиот ѝ е познат само на полицијата.
Како што неофицијално дознава „Глас Истре“, Канаѓанецот спиел, а кога се разбудил среде ноќ, видел човек во неговата соба како претура по неговите работи.
Кога крадецот забележал дека Канаѓанецот се разбудил, му се заканил со пиштол, го врзал и откако му ги одзел мобилниот телефон и банкарската картичка, го оставил.
Канаѓанецот успеал да излезе од хостелот, па излегол на булеварот во Пула во потрага по помош. Видно истрауматизиран, гол и бос, само во гаќи и црна маица, застанал на семафор до поштата во Пула и ги молел минувачите за помош.
Рацете му беа врзани и цврсто прицврстени со телефонска жица. Но, еден сограѓанин, кој околу 6:30 часот заминал на работа, му помогнал, го покрил, повикал полиција и го чекал нивното пристигнување.