Хрватска одлучи: Лицата кои прележале коронавирус, ќе добијат по една доза вакцина

пред 4 години

Во Хрватска официјално е одлучено дека луѓето кои го прележале Ковид-19 треба да примаат само една доза од вакцината против оваа болест, а не две, пишуваат хрватските медиуми.

„Сега веќе има доволно податоци дека втората доза по заздравувањето од болеста не придонесува за нивото на антитела“, рече директорот на хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Чапак.

Според него, втората доза на вакцината треба да ја прими лице кое во меѓувреме се разболело, три до шест месеци по закрепнувањето.

„Наша препорака е луѓето кои ја примија првата доза на „Астра зенека“ да ја добијат и втората доза“, рече Чапак.

„Секој што ја преживеал болеста ќе добие една доза на вакцина, тоа е официјална одлука. Податоците за времетраењето на имунитетот по болеста покажуваат дека истиот е во времетраење од 3 до 6 месеци, а веруваме дека овој имунитет е доволен за шест месеци“, рече директорот на хрватскиот институт за јавно здравје.

Share
Scroll to Top