Хрватска протера 18 руски дипломати

пред 3 години

Хрватска протерува 18 руски дипломати и шестмина членови на административно-техничкиот персонал, соопшти денеска Министерството за надворешни и европски работи.

Хрватска денеска на рускиот амбасадор во Хрватска му врачи нота со која ја информира Русија за намалувањето на бројот на дипломатски и административно-технички персонал на руската амбасада во Загреб.

„ Беше побарано 18 дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал (вкупно 24 вработени) на Амбасадата на Руската Федерација во Република Хрватска да ја напуштат Република Хрватска“, се вели во соопштението.

На тој начин Хрватска се приклучи на голем број европски земји – Полска, Германија, Франција, Италија, Шпанија и други. Соседна Словенија протера 33 дипломати. МНР денеска уште еднаш најостро ја осуди бруталната агресија врз Украина и бројните извршени злосторства.

„ Руската страна го повтори својот повик за итен прекин на воените активности и повлекување на руските трупи од целата територија на Украина, како и итно обезбедување патишта за евакуација на населението и испорака на хуманитарна помош“, се наведува во соопштението.

Хрватска, исто така, соопшти дека очекува Русија да ги изведе одговорните за злосторствата пред лицето на правдата.

Share
Scroll to Top