Хрватска ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

пред 3 години

Вакцината на „Фазјер“ денеска е одобрена во Хрватска за деца на возраст од 12 до 15 години. Досега беше дозволена само за деца над 16 години.

„Сите деца постари од 12 години можат да се вакцинираат со вакцината на ‘Фајзер’, но во моментов нашите деца не се приоритет, освен оние кои имаат хронично заболување. Наш приоритет е работната популација, а потоа ќе ги вакцинираме децата“, рече директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак.

Како што јавија хрватските медиуми, целта на здравствените власти e до почетокот на јули да бидат вакцинирани 55 проценти од возрасната популација.

Во Хрватска околу 37 проценти од возрасната популација примиле една доза на вакцина, а 14 проценти ги примиле двете дози.

Share
Scroll to Top