Хрватските граѓани од денеска во САД можат да патуваат без визи

пред 2 години

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави Американската амбасада во Загреб.

Оваа одлука на Електронскиот систем за одобрување на патување се однесува на хрватските државјани кои одат во САД на туристички или деловен аранжман, не подолг од 90 дена.

„ Хрватското членство во таканаречената програма за ослободување од визи е важен чекор во натамошното зајакнување на економската и безбедносната соработка меѓу двете земји“ соопштија од американската амбасада.

За да може една земја да влезе во Програмата за укинување на визите, таа мора да ги исполни критериумите од сферата на борбата против тероризмот, спроведување на законите, имиграцијата, безбедноста на документите и управувањето со границите, се вели во соопштението.

Се додава дека процентот на одбиени визи мора да биде под три проценти, што Хрватска го исполни неодамна.

Share
Scroll to Top