Хрват уапсен во Германија – го убил брата си со мачета

пред 4 години

Хрватски државјанин (30) е уапсен во четвртокот недалеку од Минхен под сомнение дека со мачета го убил неговиот три години постар брат, соопшти баварската полиција.

Полицијата и службите за итни случаи добиле повик рано наутро од жител на зграда во Емеринг, кој слушнал расправија и трескање од соседниот стан. По пристигнувањето на екипата за брза помош, во бањата во соседниот стан бил пронајден 33-годишен маж, кој имал смртни повреди и медицинскиот тим повеќе не можел да му помогне.

Полицијата веднаш го обезбедила местото на настанот, со цел да се пронајдат траги на местото на настанот. Истражителите наскоро заклучиле дека 33-годишникот бил убиен од неговиот брат.

„Според досегашниот развој на истрагата, криминалистичката полиција претпоставува дека започнала расправија меѓу браќата, при што помладиот брат му нанел смртоносни повреди со мачета на постариот брат“, соопшти полицијата, истакнувајќи дека не можат да дадат информации за можниот мотив за злосторството.

„Осомничениот, 30-годишен хрватски државјанин, беше уапсен на местото на настанот и, по предлог на Државното обвинителство во Минхен, беше изведен пред надлежниот истражен судија, кој му изрече мерка притвор. Осомничениот потоа беше однесен во истражен затвор”, наведува полицијата.

Телото на убиениот е пренесено на Институтот за судска медицина во Минхен, каде што ќе се изврши обдукција.

Share
Scroll to Top