Целосна забрана за движење во Велс

пред 4 години

Во Велс ќе стапи во сила целосна забрана за движење од 23 октомври до 9 ноември, со исклучок само на вработените во службите за итни случаи, а ќе бидат забранети и домашни посети, објави денеска премиерот Марк Дрејкфорд.

„Комплетното двонеделно затворање е најдобрата шанса да се воспостави контрола врз вирусот и со тоа да се избегне многу долг карантин, што би ни нанело неспоредливо поголема штета“, рече Дрејкфорд.

Тој посочи дека сега е време граѓаните да покажат единство.

Одлуката на владата на Велс изврши нов притисок врз британскиот премиер Борис Џонсон, кој одби да го прифати советот на здравствените работници да размисли за привремено затворање на земјата бидејќи секое одложување ќе доведе до опасно ширење на епидемијата со катастрофални последици.

Во неделата во Велс беа регистрирани 950 нови случаи на Ковид-19.

Share
Scroll to Top