Циклонот Борис в четврток пристигнува во Италија

Циклонот Борис в четврток пристигнува во Италија

пред 4 месеци

Циклонот Борис, бранот од екстремни временски услови, што предизвикаа поплави во централна и источна Европа и однесе најмалку 19 животи, се очекува да се врати во Италија в четврток откако минатиот четврток ги мина Апенините, соопштија денеска италијанските метеоролози.

Италија веќе е во состојба на готовност, особено во регионите Емилија Ромања и Марке, поради очекуваните поплави, кои претходно ги зафатија Романија, Полска, Чешка и Австрија, изјави метеорологот Лоренцо Тедичи, пренесе „АНСА“.

Тој додаде дека „невообичаено топлото“ Јадранско Море од четврток ќе ги „потхрани“ бурите низ Јадранско-Апенинските планини и ќе продолжи до викендот.

„Очекуваме уште поекстремни временски услови“, изјави Тедичи, пренесува Танјуг.

Текстот Циклонот Борис в четврток пристигнува во Италија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top