Црна Гора воведе санкции кон Русија, донира заштитна опрема за Украина

пред 3 години

Генералштабот на Армијата на Црна Гора најави дека ќе донира одредени количини заштитна опрема за Украина, пред се заштитни елеци и балистички шлемови, додека Министерството за финансии одреди 50.000 евра помош.

Црногорското Министерство за надворешни работи во средата објави дека земјата се приклучила на санкциите воведени од Европската унија против Русија по нејзиниот напад врз Украина.

Со целосно приклучување кон рестриктивните мерки, економските и индивидуалните санкции, Црна Гора ја продолжи политиката на 100% усогласување со надворешната политика на Европската Унија, соопшти црногорското МНР.

Во исто време, Генералштабот на црногорската армија најави дека ќе донира одредени количини заштитна опрема за Украина, пред се заштитни елеци и балистички шлемови, додека Министерството за финансии издвои 50.000 евра за помош на владата во Киев.

Исто така, црногорскиот Црвен крст отвори специјална телефонска линија преку која граѓаните можат да донираат пари за помош на жителите на Украина.

Светски медиуми претходно објавија дека јахтите на четворица руски тајкуни отпловиле од европските пристаништа, откако била отворена можноста за замрзнување на имотот на руските милијардери.

Црногорската влада најави и дека планира да организира хуманитарен лет на националната авиокомпанија поради големиот интерес на црногорските граѓани кои сакаат да ја напуштат Русија.

Share
Scroll to Top