Црна Гора: Маж се разнесе со бомба пред зградата на Обвинителството во Цетиње

пред 3 години

Жителот на Цетиње, Д.Д. (61) се самоуби денес активирајќи рачна бомба на влезот од зградата на Обвинителството, објави подгоричкиот портал ЦдМ.

Повикувајќи се на неофицијални информации, порталот пишува дека никој од вработените во Основното државно обвинителство не бил во близина, a немало ни граѓани.

Се наведува дека полицијата не го обезбедувала овој објект.

Share
Scroll to Top