Четворица мажи се избодени денеска во лондонската населба Ковент Гарден, а полицијата приведе жена на возраст од околу 40 години, јави „Скај њуз“.
Жената е уапсена под сомнение за напад и недозволено поседување оружје.
Повредените добиле прва помош на местото на настанот, по што биле пренесени во трауматолошки центар во близина на центарот на Лондон. Засега не се соопштени информации за тежината на нивните повреди.
Лондонската полиција соопшти дека, според првичните информации, инцидентот најверојатно е поврзан со менталната состојба на осомничената.
Текстот Четворица мажи избодени во центарот на Лондон, уапсена жена е превземен од МАКФАКС.





