Четврти ден од потрагата по Матеј Периш од Сплит, полиција трага по младото момче покрај Сава

пред 2 години

Пред клубот каде младото момче било последен пат забележано, по брегот на реката Сава, патролираат две речни полициски патроли во потрага по исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит, кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември.

Имено, според неофицијални информации, кои ги пренесуваат дел од регионалните медиуми, Матеј во еден момент станал од масата во клубот каде бил со пријателите и се упатил кон тоалетот. Бидејќи имало многу гужва, тој решил да излезе надвор, кога надзорните камери последен пат го забележале како се спушта по скалите кон водата. Од тој момент никој повеќе не го има видено.

Кога во еден момент пријателите сфатиле дека Матеј веќе подолго време го нема, почнале да го бараат внатре. На излегување од клубот сфатиле дека јакната му останала во гардеробата. Тие ја продолжија потрагата наоколу. По пребарувањето, пријателите заминале до местото каде бил сместен и каде што се надевале дека ќе дојде наутро. Кога и тоа не се случило, контактирале со полиција.

„Припадниците на МВР интензивно трагаат по М.П.(27), чие исчезнување на 31.12.2021 година во 18 часот го пријавил негов пријател. Полициските службеници од моментот на пријавување на исчезнувањето ги преземаат сите мерки и дејствија согласно законот за пронаоѓање на исчезнатиот млад човек“, соопшти вчера полицијата.

Доцна синоќа била пребарувана и областа Ушче.

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот млад човек кој вчера дошол во Белград за да и помогне на српската полиција во потрагата, по пристигнувањето изјавил дека единственото нешто што му е важно е да го најде, а потоа открил како изгледал животот на Матеј во Сплит.

„Родителот секогаш тргнува од најлошите претпоставки и тоа е она што ме прогонува веќе три дена и три ноќи. Матеј е спортист, економист, има девојка во Сплит. Ништо не ми укажува дека тоа требало да се случи. Би замолил да пријават, доколку некој нешто знае за мојот син барем и анонимно“, изјавил синоќа Ненад Периш за медиумите, истакнувајќи дека српската полиција одлично си ја врши работата и дека им верува до крај.

„Ги замолувам граѓаните на Србија да пријават се што знаат, во име на моето семејство им благодарам на сите“.

Таткото ја отфрлил можноста неговиот син да се удавил.

„Матеј тренираше, беше исклучително силен тип, спортист, непушач. Мислам дека апсолутно неговата состојба, познавање на пливање и вештини, не доаѓа предвид да падне во река и дека тоа би била околност која може да доведе до трагична несреќа“, изјавил Периш.

Share
Scroll to Top