Четиригодишно момче успеа да седне зад воланот на луксузниот автомобил на неговиот татко во Монако, а потоа удри и сериозно повреди пешак, соопшти денеска полицијата.
Белгиски државјанин кој живее во Монако е хоспитализиран во Ница, додаде истиот извор. Тој бил опериран ноќта и повеќе не е во животна опасност.
Сè се случило пред хотел во Монако, каде престојувал сопственикот на лимузината „Бентли“ и неговото семејство, кои се од Ерменија, пренесуваат светските агенции.
„Возачот излегол од автомобилот за да му ги предаде клучевите на лицето кое го паркирало возилото, а потоа детето се провлекло од задниот дел на воланот, притиснало на гаста, автомобилот потскокнал и удрил во пешак кој излегувал од хотелот во тој момент “, објасни претставник на полицијата во Монако.
Целата ситуација е многу нејасна бидејќи автомобилот тргнал додека биле извадени клучевите, а возачот не се сеќава дали го исклучил моторот.
Истрагата треба да ги утврди околностите на несреќата.